[Аудио] Социјалното претприемништво како можност за придонес кон заедницата и лична заработка

Зошто е социјалното претприемништво бизнис моделот на иднината, како може да им помогнеме на одредени социјално загрозени групи истовремено заработувајќи за себе, и колку Македонија има „погодна клима“ за вакви компании, во интервју за Радио МОФ зборуваат Марија Матовска и Игор Кировски.

Матовска е координаторка на Наградата за социјално претприемништво во Македонија, а Кировски е дел од победничкиот тим на овогодинешниот натпревар, Audified Reality.

Ова е прво интервју во рамки на проектот  „Градење на следната генерација на млади лидери“ и е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).