Анонимен уметнички колектив од Сан Франциско постави лулашки низ градот за да ги развесели граѓаните

Уметнички колектив во Сан Франциско преку ноќ постави лулашки низ градот. Под името Swing Bomb SF, колективот постави над 50 лулашки на претходно неоткриени локации, пријатно изненадувајќи ги жителите. Сепак, градските власти сакаат да ги отстранат.

Од анонимната група велат дека сакале да ги постават лулашките на различни локации. Тие осигуруваат дека лулашките се безбедни бидејќи биле поставени од тим инженери кои се членови на колективот.

Но, ова не е доволно за оперативниот менаџер Денис Керн кој за медиумите изјави: „Тие не се обратија до нас за да погледнеме што сакаат да направат, за да потврдиме дека ова е безбедно“.

Тој вели дека без дозвола, одделот ќе мора да ги отстрани лулашките.

Од колективот не ги соопштуваат сите локации на лулашките бидејќи според нив, нивната акција е со цел „да побуди чувство на изненадување и радост“.

Жителите, пак, се благодарни за лулашките и решија тоа да го споделат на социјалните мрежи.