Анализа: Извршителите од граѓаните наплатиле 40.5 милиони евра за една година

Највисоки износи на долгови присилно се наплатени од фирмите, потоа од граѓаните а на трето место е државата. Во исто време компаниите биле и први на листата доверители кои успеале да наплатат највисоки износ на побарувања од должниците, пишува Порталб.мк. Најновиот извештај за работата на извршителите покажува дека во 2022 та година е наплатен рекорден износ на долг, повисок од 144 милиони евра а само од граѓаните износ над 40 милиони евра.

Фирмите – први во должничкиот “круг“ – тие се најголеми должници и доверители

Сумата што извршителите присилно ја наплатуваат се зголемува на годишно ниво. Минатата година, според Годишниот извештај за работата на Комората на извршители,  бил наплатен рекорден износ на долг од фирми, граѓани и од државата во вкупен износ од 144,3 милиони евра. Ова е највисока наплатена сума на долг од 2006 та година, кога започна присилната наплата на долгови преку извршителите. Само во однос на 2021 та  наплатениот долг е повисок за 14,3  милиони евра.

                       Наплатени средства од фирми, граѓани, држава

2018 година                                         127 967 000 евра

2019 година                                         123 255 351 евра

2020 година                                         123 163 000 евра

2021 година                                         130 005 233 евра

2022 година                                         144 350  068 евра

Минатата година биле доставени и рекордни 152 079 барања за извршување, но иако присилно наплатениот износ е рекордно највисок,  интересно е дека степенот на реализација на примените барања  изнесува 38,27% и тој е најнизок во последните години, што е показател дека се работи за барања за присилна наплата на високи износи.  Највисока сума на долг е наплатена од  фирмите, износ од 81,7 милиони евра, потоа од граѓаните 40,5 милиони евра а на трето место е државата од која е наплатен долг во виснаа од скоро 23,5 милиони евра.

            Должници                                           Наплатен износ за 2022

Правни лица                                                        81 720 430 евра

Физички лица                                                      40 504 009 евра

Држава                                                                  23 467 349 евра

Во 2022 та во споредба со 2021 та наплатениот долг од граѓаните е зголемен за скоро 3.6 милиони евра, од фирмите за 7,7 милиони евра а од државата присилно се наплатени 3,3 милиони евра повеќе во 2022 та.

Од друга страна, според структурата на доверителите, највисок износ од 116,6 милиони евра се “слеале“ во стопанството, на второ место се граѓаните во чие има извршителите наплатиле 22,6 милиони евра а на трето е државата која преку извршителите присилно наплатила скоро 6.5 милиони евра.

        Доверители                                           Наплатен износ

Правни лица                                               116 657 630 евра

Физички лица                                               22 666 107 евра

Држава                                                             6 479 913 евра

Според податоците од Годишниот извештај за работата на извршителите, анализирано по подрачја, најголем број на барања за извршување или 64 305  имало во Основниот суд, граѓански суд и Основен кривичен суд – Скопје, следуваат основните судови Куманово, Крива Паланка и Кратово, вкупно 13 943, потоа во подрачјето што ги опфаќа основните судови во Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино со вкупно 13 466 поднесени барања и на трето место со 12 284 примени барања се основните судови во Гостивар и Кичево. Најмногу реализирани барања за извршување од примените во 2022 година или 15,7% имало на  подрачјето на Основниот суд Битола и Основниот суд Ресен, додека пак подрачјето на Основните судови Куманово,  Крива Паланка и  Кратово имаат најмал процент на реализација на примени барања за извршување во 2022 година односно 5, 37%

Минатата година во земјава функционирале 92 извршители во 11 подрачја на основните судови во земјава. 11 извршители ставиле “клуч “ на врата, најголем дел по лично барање, четворица поради пензионирање а една извршителка поради разрешување. Во истата анализирана година именувани се шест нови извршители.

Порталб