300 студенти од претстојната академска година ќе може да се вселат во новиот студентски дом во Тетово

Студентите на Тетовскиот Универзитет од претстојната академска 2023/24 година ќе може да престојуваат во нивниот нов студентски дом, објави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

„По предвидената динамика, на 1 октомври престојот на 300 студенти ќе биде реалност во најсовремени можни услови кои може да ги има еден студентски дом кај нас. Опремата се поставува според планот, останати се неколку детали за кои сум уверен дека до крајот на септември ќе завршат“, напиша Шаќири на неговиот профил на Фејсбук.

Овој студентски дом веќе фигурира на листата на државните студентски домови како ДСД Тетово каде студентите аплицираат онлајн.

Изградбата на објектот се ветува уште од 2016 година, а домот требаше да биде вселив во 2021 година. Сепак до 2018 година немаше донесено одлука за започнување на градежните работи. Минатиот април, од Министерството соопштија дека градежните работи се целосно завршени и дека етапно се опремуваат собите и сите останати простории за студентите. Во студентскиот дом предвидено е да има и технолошка просторија, читална, сала каде студентите ќе можат да вежбаат фитнес, просторија за јадење итн.

Порталб: Студентскиот дом во Тетово, кој се ветува од 2016, се очекува да биде изграден во мај 2021 година