МОН: Се опремува новиот државен студентски дом во Тетово

Новиот студентски дом кој се гради за потребите на Универзитетот во Тетово се очекува да биде подготвен за прием на студенти идната академска година, соопштија од Министерството за образование и наука. Новиот студентски дом ќе може да прими околу 300 студенти.

Оттаму посочија дека градежните работи се целосно завршени, а во моментов етапно се опремуваат собите и сите останати простории кои ќе им бидат на располагање на студентите што студираат или во иднина ќе одлучат да студираат на овој државен универзитет и ќе имаат потреба од сместување.

„Тетово ќе добие комплетен универзитетски кампус. Освен објектите во кои се изведува наставно – научната дејност, со изградбата и пуштањето во употреба на студентскиот дом, државниот универзитет ќе може да понуди комплетна услуга за идните академски граѓани и очекувањата се дека ќе привлече значително зголемен број на студенти во следниот период. Тука недостасуваше сместувачки капацитет и со заложба на Владата тој се гради согласно сите современи стандарди за квалитет“, изјави миниистерот за образование и наука Јетон Шаќири.

фото: МОН