280 нови случаи и десет починати лица од Ковид-19 изминатово деноноќие

Министерството за здравство информира дека изминативе 24 часа регистрирани се 280 нови позитивни случаи на Ковид-19 од вкупно направени 3.929 тестирања.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 137, Прилеп – 24, Охрид – 18, Битола и Штип – по 15, Кавадарци – 13, Гевгелија – 10, Ресен – 9, Куманово и Струмица – по 8, Велес – 4, Валандово и Богданци – по 3, Кичево и Демир Хисар – по 2, Тетово, Гостивар, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 17.11-22.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Тетово (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62г до 69г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 3лица се починати во домашни услови.

Изминатово деноноќие како оздравени се регистрирани 156 пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 223.211,бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904, а бројот на активни случаи изнесува 4.832. Досега во земјата се направени вкупно 1.574.100 тестирањата Ковид-19.