15.000 велосипедисти возеа низ Будимпешта за позелен град

Будимпешта одѕвонуваше во звукот на велосипедските ѕвончиња, вчера, по повод Денот на планетата Земја, откако 15.000 велосипедисти излегоа на улиците на унгарскиот главен град, пренесува „Euronews“

Велосипедистите преку маршот побараа позелен град и повеќе велосипедски прилагодени јавни простори во градот.

Настанот беше во организација на невладината организација „Велосипедски клуб на Унгарија“ со цел да демонстрира колку се потребни градски еко-политики.

Улиците во Будимпешта се дизајнирани да се фокусираат на автомобили, а веќе со децении велосипедистите имаат потешкотија да се движат низ улиците.

Со текот на времето, размислувањето на жителите се има променето, па дури и претходниот градоначалник од конзервативната создаде мрежа од велосипедски патеки.

Моменталниот градоначалник кој повеќе се фокусира на еко-политики, Грегерли Карачсони, отворено ги поддржува велосипедистите.

„Се разбира, јас ја поддржувам идејата за повеќе велосипедски патеки, но и автомобилите мораат да се движат некаде“, изјавил учесник на велосипедскиот марш.

Денот на планетата Земја бил само повод за маршот, а во Будимпешта од овој викенд па во викендите преку целото лето, ќе се менува начинот на движење во определени градски подрачја, па низ избраните ќе може да се движи само пеш, со трчање, со велосипеди или со ролерки.