12 најиновативни идеи ќе учествуваат во Инкубаторската програма #ИмамИдеја на Стартап Клуб Скопје

Под слоганот „Стартапи градат стартапи“ Стартап Клуб Скопје го лансираше првиот повик за Инкубаторската програма #ИмамИдеја.

Од Стартап Клуб Скопје информираат дека на повикот кој беше отворен од 6 ноември до 15 јануари пристигнале над 150 бизнис идеи од областа на образование, медицина, технологија, архитектура, e – commerce, угостителство итн.

Од пристигнатите апликации беа селектирани најдобрите 24 идеи кои присуствуваа на настанот за предселекција: Хакатон #ИмамИдеја кој се одржа на 3 и 4 февруари во мултифункционалниот простор на Старап Клуб Скопје.

„Во првиот продуктивен ден на Хакатонот, учесниците беа поттикнати да ги развиваат своите идеи со искусни ментори, а на вториот ден ги презентираа пред судиите за шанса да продолжат во инкубаторската програма. Средношколци од 16 години па се’ до постари генерации на професори од 70+ имаа можност да пичуваат идеи пред судиите и да добијат фидбек за понатамошен развој и раст на својата идеја за услуга или продукт. Дел од менторскиот тим за време на: Хакатон #ИмамИдеја беа претставници од бизнис фелата како и основачи на успешни стартап компании“, велат од Стартап Клуб Скопје.

Во финалниот дел од настанот учествуваа 12 најиновативни идеи: Agency Ticket, ExpandUps, myLife, DIA (Diabetes Intelligent Assistant), BioPrint 3D, Возикај, Onlygrow, RealWire, Tail, Publish Your Game и Common, кои беа избрани да продолжат во Инкубаторската програма #ИмамИдеја.

„Со голема возбуда, очекуваме да ги видиме нивните проекти како се развиваат и да ги презентираат пред инвеститори, бизнис ангели, фондации и компании на финалниот настан ‘Ден на инвеститори’ во мај“, велат од организацијата.