11 починати и 632 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 7 лица. Починале по 2 лица од Скопје (68г и 76г) и Битола (40г и 75г) и по едно лице од Прилеп (67г), Охрид (72г) и Крушево (74г).

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, по едно лице од Прилеп, Кратово, Дебар и Гостивар, починати во период од 20.12.2021 до 05.01.2022г. Починатите се на возраст од 69 години до 87 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови“, се додава во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 632 нови случаи на Ковид-19, од кои 470 во Скопје. Регистрирани се 35 случаи во Охрид, Прилеп – 25, Кавадарци и Штип – по 17, Струмица – 14, Велес – 10, Гевгелија – 9 и 5 во Кичево.

Потоа, регистрирани се 4 случаи на Ковид-19 во Неготино, Куманово – 3, Тетово, Битола, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Богданци – по 2 и по 1 во Кочани, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Пробиштип.

Регистрирани сe 248 оздравени пациенти, односно од Скопје – 142, Битола – 22, Кавадарци – 13, Охрид – 10, Прилеп – 7, Куманово – 6, Штип, Струмица, Велес и Гевгелија – по 5, Валандово, Ресен и Македонски Брод – по 4, Тетово, Богданци и Берово – по 3, Дојран – 2 и по 1 од Кичево, Неготино, Струга, Кочани и Делчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 232.068, бројот на оздравени пациенти е 214.506, на починати е 8.023, а бројот на активни случаи изнесува 9.539“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.648.399 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие е направен 6.531 тест.