32 починати и 299 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 32 лица.

Починале 5 лица од Гостивар на 61, 61, 64, 81 и 82 години, по 4 лица од Скопје на 34, 57, 68 и 70 години, од Тетово на 49, 56, 75 и 85 години и Кичево на 55, 66, 72 и 72 години, 3 лица од Струга 73, 76 и 82 години и по 2 лица од Куманово на 50 и 70 години.

Потоа, од Ковид-19 починале и по 2 лица од Прилеп на 32 и 75 години и од Штип на 72 и 87 години и по едно лице од Струмица на 54 години, од Гевгелија на 50 години, од Кочани на 64 години, од Радовиш на 62 години, од Охрид на 77 години и од Делчево на 72 години.

Регистрирани се 299 случаи на Ковид-19, односно во Скопје 209 случаи, 14 во Куманово, Гостивар и Кавадарци – по 10, Струмица – 9, Тетово – 8, Дебар – 7, Прилеп и Велес – по 5, Охрид и Кичево – по 4, Струга и Кратово – по 3, Битола и Радовиш – по 2 и по 1 во  Штип, Кочани, Неготинo и Берово.

Регистрирани се 545 оздравени пациенти, односно од Скопје – 155, Тетово – 118, Гостивар – 113, Струмица – 29, Кичево – 26, Куманово – 19, Кавадарци, Велес и Свети Николе – по 9, Прилеп – 8, Битола и Валандово – по 7, Штип – 6, Берово и Гевгелија – по 5, Кочани и Ресен – по 4, Дебар, Радовиш, Крушево и Македонски Брод – по 2 и по 1 во Кратово, Неготино, Виница и Демир Хисар.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.624, бројката на оздравени пациенти е 155.646, на починати е 5.901, а бројот на активни случаи изнесува 14.077“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.152.327 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.628 тестови.