МЗ: 788 новозаразени и 4 починати од Ковид-19 – активни се 3.838 случаи

Министерството за внатрешни работи (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие биле регистрирани 788 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 350 случаи во Скопје, 59 во Битола, Куманово – 53, Кавадарци – 33, Охрид – 31, Прилеп – 30, Велес и Струмица – по 27, Тетово – 25, Штип – 22, Гостивар – 20, Струга – 18, Кичево и Гевгелија – по 14, Неготино – 12, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Берово, Кратово и Крушево – по 3, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2 и по 1 од Дебар, Валандово, Виница, Пробиштип и Пехчево.

Од вкупниот број позитивни – 788, регистрирани се 191 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, односно едно лице од Струга на 89 години и едно лице од Охрид на 92 години, кои починале во болнички услови.

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Куманово (81г) и Гостивар (78г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 07.07.2022 – 12.07.2022г“, се додава во соопштението на МЗ.

Регистрирани сe 541 оздравени пациенти, односно од Скопје – 251, Битола – 41, Прилеп – 31, Охрид – 28, Тетово – 27, Куманово – 24, Кавадарци и Велес – по 23, Струмица – 15, Штип – 13, Кочани – 12, Струга и Кичево – по 8, Гостивар – 6, Радовиш – 5, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 3, Ресен – 2 и по 1 од Богданци, Демир Хисар, Валандово, Виница, Пробиштип, Пехчево и Свети Николе.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 321.386, бројот на оздравени пациенти е 308.199, на починати е 9.349, а бројот на активни случаи изнесува 3.838“, посочуваат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 2.104.009 тестирања на КОВИД-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.631 тестови.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      152073, Активни   1865
Куманово    17143, Активни    194
Битола      16320, Активни    285
Прилеп      14532, Активни    149
Тетово      13763, Активни    124
Кавадарци   11054, Активни    170
Велес 10101, Активни    139
Гостивар    9770, Активни     78
Охрид 9300, Активни     172
Струмица    8270, Активни     97
Штип  8264, Активни     71
Кичево      5757, Активни     58
Кочани      5208, Активни     42
Струга      4826, Активни     65
Гевгелија   4504, Активни     49
Неготино    3794, Активни     49
Ресен 2815, Активни     46
Свети Николе      2672, Активни     23
Радовиш     2577, Активни     23
Крива Паланка     2470, Активни     30
Делчево     2010, Активни     5
Берово      1706, Активни     10
Дебар 1696, Активни     10
Валандово   1513, Активни     13
Виница      1402, Активни     3
Пробиштип   1287, Активни     3
Богданци    1038, Активни     6
Кратово     997, Активни      20
Крушево     944, Активни      10
Демир Хисар 853, Активни      13
Македонски Брод   755, Активни      11
Демир Капија      599, Активни      1
Македонска Каменица     527, Активни      2
Пехчево     488, Активни      1
Дојран      358, Активни      1