МЗ: 32 починати и 617 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 32 лица. Од пријавените, 29 починале во болнички, а 3 лица во домашни услови.

Починале 10 лица од Скопје (83г, 75г, 74г, 73г, 71г, 69г, 69г, 64г, 63г и 55г), 4 починати лица од Струмица (82г, 70г, 59г и 58г), 3 починати лица од Гостивар (74г, 64г и 53г) и по две починати лица од Куманово (66г и 52г) и Тетово (81г и 78г).

Од Ковид-19 починало и по едно лице од Прилеп (83г), Кичево (41г), Македонски Брод (40г), Кавадарци (71г), Гевгелија (68г), Пробиштип (63г), Богданци (49г), Охрид (80г), Дебар (61г), Струга (86г) и Валандово (81г).

Во последните 24 часа се потврдени 617 нови случаи на Ковид-19, односно регистрирани се 314 случаи во Скопје, Куманово – 47, Струмица – 29, Штип – 26, Кавадарци и Кичево – по 19 и 18 во Охрид.

Потоа се регистрирани по 14 случаи на Ковид-19 во Велес, Свети Николе и Радовиш, Ресен – 13, Гостивар и Кочани – по 12, Тетово и Битола – по 10, Прилеп и Струга – по 8, Крива Паланка – 6, Берово – 5, Пробиштип – 4, Кратово – 3, Гевгелија, Неготино, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 2 и по 1 во Дебар и Демир Хисар.

Регистрирани сe 450 оздравени пациенти, односно од Скопје – 250, Куманово – 24, Гостивар и Прилеп – по 23, Тетово – 16, Велес – 15, Битола – 14, Кичево – 13, Струмица – 12, Свети Николе – 11, Штип – 10, Македонски Брод – 8, Кавадарци – 5, Неготино – 4, Кочани Кратово и Гевгелија – по 3, Ресен, Берово, Пробиштип и Богданци – по 2 и по 1 во Охрид, Радовиш, Крива Паланка, Дебар и Крушево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.893 бројката на оздравени пациенти е 165.527, на починати е 6.339, а бројот на активни случаи изнесува 13.027“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.234.221 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 4.621 тестови.