МЗ: 20 починати и 412 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 12 лица. Починале 6 лица од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), 2 лица од Кочани (66г, 63г) и по едно лице од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г).

„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 01.09.2021 до 08.10.2021 година. Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови“, велат од МЗ.

Во последните 24 часа се потврдени 412 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани 207 случаи во Скопје, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10, Радовиш – 6, Штип и Свети Николе – по 5, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Валандово – 2 и по 1 од Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод.

Регистрирани сe 459 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 266, Куманово – 36, Велес – 25, Прилеп и Охрид – по 18, Битола – 14, Штип – 11, Кавадарци и Радовиш – по 10, Кочани – 9, Крива Паланка – 6, Тетово, Свети Николе и Виница – по 5, Гевгелија – 4, Пробиштип и Кратово – по 3, Гостивар, Кичево и Струга – по 2 и по 1 од Неготино, Ресен, Берово, Богданци и Демир Капија.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.330.304 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.567 тестови.