Дафне Алмазан од Мексико е најмладиот психолог на светот

Дафне Алмазан од Мексико е најмладиот психолог на светот. Девојчето кое на шест години завршува основно училиште, за на 10 години да се запише на факултет. Следниот месец, на 13-годишна возраст, таа треба да добие лиценца за да работи како психолог.

Младата Мексиканка се најде на листата на 50 највлијателни жени во Мексико. Сепак Дафне не планира да се вработи, туку вели дека сака да продолжи со образованието и да положи докторат.

„Сето свое знаење сакам да го усмерам кон помагање на децата со натпросечна интелигенција, бидејќи тоа е областа на која сакам да и се посветам. Сакам мојата приказна да им помогне на оние кои се навистина интелигентни, но немаат можност да напредуваат, но исто така сакам да го разбијам митот дека децата како мене немаат детство“, вели за БиБиСи.

Таа поминува по 12 часа на ден во учење и вели дека без оглед на тоа што минува многу време во учење, сепак ги прави и сите оние нешта карактеристични за девојчињата на нејзина возраст.

Освен нееројатниот успех на училиште таа тренира теквондо, свири клавир, слика и држи часови по кинески јазик.

„Кога ќе докторирам сакам да држам часови на деца. Ги сакам децата и навистина сакам да им предавам“, додава младата Мексиканка.