Зоран Попоски во потесен избор за британска награда за уметност

Македонскиот ликовен уметник Зоран Попоски е во потесен избор за британската награда за уметност „Рајзарт 2017“.

Попоски се пласира во 1 отсто од вкупно 16.000 номинации за наградата, во избор на жири составено од познати светски галеристи и современи уметници. Глобалното жири вклучува некои од најпознатите имиња на современата уметничка сцена, меѓу кои Гевин Турк, Харланд Милер, Фиона Бенер и Дејвид Бејли.

Годинава Попоски беше финалист и на престижните „Глобални награди за уметност“ во Дубаи во соработка со „Вол Стрит Џурнал“.

Зоран Попоски има реализирано повеќе од 70 меѓународни изложби и е добитник на неколку меѓународни награди за уметност. Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Линц и Њујорк, а докторирал студии на културата во Скопје.