Зоолошката градина во Штип доби мече

Штипската зоолошка градина доби машко мече, кое е подарок од проф. д-р Јовица Угриновски.

Мечето е од расата Урсиде, кое во рацете на докторот Угриновски дошло кога полиција му го донела повредено за да го спаси. Тоа првично било згрижено во Зоолошката градина во Скопје, од каде со посебна процедура е пренесено во Штип.

Директорот на ЈП „Исар“ –  Штип, Ангел Бојаџиев  истакна дека новиот жител на Зоолошката градина ги има сите услови за живеење. Професорот, кој не само што го донираше мечето, целата грижа околу исхраната ќе биде негова до крајот на животот на мечето.

„Најдено е напуштено на превојот Блаце од припадници на специјалните единици. Ми го донесоа мене, имаше повредена задна десна нога. Го оперирав и го чувам од малечко досега. На возраст е од година и седум-осум месеци и околу 80 килограми тешко“, рече Угриновски.