ZeeBomb & Matej Foltz ќе настапуваат на „Здраво млади“

Новата сензација на македонската музичка сцена  ZeeBomb & Matej Foltz ќе настапат на 9. издание на „Здраво млади“.

Оваа група на креативци започна со правење на музика во 2014 година. По објавата на првиот сајфер од Zeebomb – „Boomcore“ се инспирирал и почнал да пишува и 20 годишниот креативец – Matej Foltz (Матеј Милутин) кој до тогаш правел битови заедно со Шишка (Дамјан Шишковски) и Насте (Никола Настевски).

Matej Foltz ја освои публиката со неговата автентичност која ја преточи во хитовите „Понеделник” и „Идеја“. Прва песна на Zeebomb која привлече внимание беше минатогодишната „Плен“, а годинава го добија заслуженото внимание со хитовите „Се за мојот тим“ и „Лаганини“. ZeeBomb заедно со честиот соработник – раперот Matej Foltz веќе изградија своја фан база и работат на нови проекти.

ZeeBomb & Matej Foltz се приклучуваат на досега најавените артисти за овогодинешното деветто издание на фетивалот се: хрватското електропоп дуо – NIPPLEPEOPLE, канадското пост-панк трио OPERATORS, аргентинците MUERAN HUMANOS, SVEMIRKO, DJ FITZ, DILLON, FUJIYA & MIYAGI и програмата Berlin via Skopje на која ќе настапи одличниот DJ квартет VIVIAN KOCH,  CONFORCE, ALEX ACID, како и нашиот претставник на берлинскиот подиум STOJCHE.

Билети можат да се набават само на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk