Заедничко готвење на вишокот храна во Скопје

Волонтери и членови на здружението „Ајде Македонија“ ќе приготвуваат храна за 100 загрозени семејства во атарот на скопската црквата „Св Петар и Павле“, во четврток (7 јуни).

Настанот „Храна не се фрла“ има цел да ја пренесе визијата и целите за намалување на гладта, користење на храната како важен ресурс, но и грижата за луѓето кои не можат да си дозволат достоинствен оброк. Ќе готват и вработените од Осигурување Македонија, како и дел од учениците од средните угостителски училишта.

Настанот ќе започне во 9 часот утрото, а ќе заврши во 14 часот попладне.