Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

Mладите во изборните програми на партиите

Младите луѓе секогаш наоѓаат простор на долго и широко во програмите на партиите за сите избори. Така и оваа кампања, некои партии ветуваат Министерство за млади, други надградување на мерката „Купи куќа за млади“, трети воведување бесплатно високо образование, четврти изградба на детска болница, а петти долгорочни кредити за новоформирани младински компании што ќе ги субвeнционира државата.

Mладите во изборните програми на партиите

Гордана Силјановска Давкова ќе стане прва претседателка на Македонија – ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу пратенички мандати

Гордана Силјановска Давкова ќе стане првата претседателка на Македонија, откако денеска, според 95.55% од обработените избирачки места освои 531.758 гласови на претседателските избори кои се одржаа заедно со парламентарните избори.

Гордана Силјановска Давкова ќе стане прва претседателка на Македонија – ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу пратенички мандати