Второто издание на Стартап Викенд Охрид ќе се одржи на универзитетот „Апостол Павле”

Второто издание на Стартап Викенд Охрид оваа година ќе се одржи од 26 до 28 Април во просториите на универзитетот „Апостол Павле” во Охрид. 

Според организаторите настанот е наменет за сите млади ентузијасти кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот.

„Стартап Викенд  e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги потикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти на една локација да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа односно еден викенд. Учесниците оформуваат тим во кој заедно реализираат и тестираат идеја, проект на кој ќе работат. Тимовите ќе ги доразвијат своите идеи со подршка на над 40 Ментори (Стартап Основачи и експерти) и ќе го претстават својот концепт пред жири од истакнати ИТ професионалци, бизнисмени и инвеститори.“ – додаваат организаторите. 

Настанот е во организација на Стартап Македонија, Стартап Викенд Скопје и голем број на стратап основачи и стартап ентузијасти.