Во Велика Британија се роди првото бебе со ДНК од три лица

Бебе со ДНК на три лица е родено за првпат во Велика Британија, потврди за регулаторот за плодност, јавува „Би-Би-Си“.

Најголемиот дел од генетскиот материјал доаѓа од родителите, додека само 0,1% од третината е донаторка.

Пионерската техника е обид за да се спречи раѓањето на деца со катастрофални митохондриски болести кои се неизлечиви и може да бидат фатални во рок од неколку дена или дури само неколку часа по раѓањето. Досега се родени помалку од пет вакви деца, но не се споделени дополнителни детали. Некои семејства поради тоа имаат изгубено повеќе деца и поради тоа оваа техника се чини како единствена опција за да добијат здраво дете.

Има две техники за изведување на митохондриските донации. Едниот начин е откако мајчината јајце клетка е оплодена од сперматозоидот на таткото, а другиот начин е да се изведе пред оплодувањето.

Митохондриите се мали прегради кои ги има во секоја клетка од телото и нивна функција е да ја претвораат храната во употреблива енергија. Тие имаат свој генетски материјал или ДНК што значи дека технички добиените деца наследуваат ДНК од нивните родители и мал процент од донаторот. Ова е трајна промена што понатаму би се пренесувала по генерации.

Сепак ДНК што се добива од донаторот е релевантна само за создавање ефективни митохондрии и не влијае на другите особини како што е надворешниот изглед и не претставува „трет родител“.

Првото бебе во светот родено со овој метод беше во семејство од Јордан што третманот го доби во САД во 2016 година.