Досега најсилната екстази таблета е запленета во клуб во Манчестер

Според истражувањата, „Блу панишер“ содржи пет пати поголема доза на МДМА и потенцијално може да предизвика сериозни последици, пренесува „DazedDigital“.

Наречена „Блу Панишер“, екстази таблетата била двапати тестирана во лабораторијата за дрога „Мендрејк“,  дел од манчестерскиот Универзитет „Метрополитен“.

Според анализите, таблетата содржела 477 милиграми МДМА, а предвид треба да се земе фактот дека и 125 милиграми МДМА е преголема доза.

„Блу панишер“ се посилни од другите таблети, а се препознатливи по логото со череп, познато по „Марвел“ карактерот, Панишер, како и сината боја.

Лабораторијата „Мендрејк“ објавила предупредување на „Твитер“, за да ги извести луѓето за циркулирањето на таблетата.

„Сините „Панишер“ таблети се поголеми од другите таблети, а потврдено е дека содржат од 397 до 477 милиграми МДМА, што е четири и пол пати повеќе од стандардната доза. Дури и половинка од овие таблети е висока доза. Поголемото дозирање нема да го зголеми ефектот на дрогата, но го зголемува ризикот од смрт“, гласела објавата на лабораторијата.

Од лабораторијата потврдиле дека таблетата „Блу панишер“ била значително потешка од другите таблети на пазарот, а тежела 650 милиграми.

Ќесето екстази „Блу панишер“ биле запленети од страна на обезбедувањето на ноќен клуб во Манчестер.

Според „VICE“, „Блу панишер“ е најсилната забележана екстази таблета, а бројни експерти изјавиле дека не виделе ништо посилно досега.

Портпарол на „rugsdata.org“, американска лабораторија за анализа на дроги, што испитува илјадници екстази таблети од сите краеви на светот, изјавил дека таблетата е најсилната досега, според нивните документирани примероци.

„Ова е нов рекорд. Невозможно е да се каже дека некаде нема посилна таблета, но досегашните примероци од таблети над 400 милиграми најдени на уличниот маркет може да се избројат со прсти“, изјавил Гај Џонс, од британската лабораторија „Риџент Тестс“.

Во последните неколку месеци во Велика Британија е забележан недостаток од МДМА, а се смета дека тоа е резултат на зголемената употреба за време на пандемијата, но и „Брегзит“.

Токму поради недостатокот, во земјата циркулираат лажни МДМА таблети, најчесто во ноќните клубови и на фестивалите. Циркулираат и опасни таблети, па сини „Тесла“ таблети беа причина за два смртни случаи и 22 хоспитализирани лица во Бристол и Лондон.