Повик за Чивнинг стипендии за постдипломски студии во Обединетото Кралство

Во периодот од 3 август до 2 ноември 2021 година, Чивнинг секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната 2022/2023 година. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply.

Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои ќе покажат посветеност и вештини потребни за создавање позитивни промени и притоа ќе покажат како магистратурата во Обединетото Кралство им помогнала во тоа. Стипендијата овозможува целосна финансиска поддршка за идните лидери да се образуваат на едно годишни магистерски студии на било кој универзитет во Обединетото Кралство и притоа овозможува да се стекнете со ексклузивни академски, професионални и културолошки искуства.

Откако програмата беше креирана во 1983 година, преку 50,000 професионалци ја добија можноста да се развиваат во Обединетото Кралство преку Чивнинг. За учебната година 2022/2023 на глобално ниво ќе се доделат над 1,500 Чивнинг стипендии, покажувајќи ја посветеноста на Владата на Обединетото Кралство во креирање на идни лидери.

Повикот за нови апликанти следи по изборот на 7 [седум] стипендисти од Република Северна Македонија, кои добија стипендија за магистратура на универзитет во Обединетото Кралство оваа година. Избраните кандидати ги сподеуваат своите приказни преку #ChosenForChevening хаштагот на Twitter, Instagram и Facebook.

„Како што светот продолжува да се справува со глобалните предизвици како Ковид-19 и климатските промени, меѓународната соработка е повеќе од потребна. Чивнинг се стреми да изгради меѓународна заедница на луѓе посветени на овие вредности, кои се стремат за позитивни промени. Ние ги зближуваме овие неверојатни лица од целиот свет и им овозможуваме по пат на  едукација да ги остварат своите цели“, вели Наоми Рејнер, одговорна за стипендии во британското Министерство за надворешни работи, комонвелт и развој.

„Вие ќе научите многу од интеракцијата со луѓе од целиот свет, патувајќи низ Обединетото Кралство и  инволвирајќи се во заедниците во кои живеете. Од вас ќе се очекува да преземете контрола врз вашето студирање, демонстрирајќи независно мислење и откривање на нови искуства. Оние кои ќе добијат најмногу од Чивнинг се оние кои ќе се вложат најмногу. Вашата стипендија ќе трае една година, но ќе бидете дел од Чивнинг заедницата доживотно. Се надеваме дека ќе си заминете од Обединетото Кралство инспирирани, мотивирани и спремни да ги преточите своите идеи во реалност“, вели Данкан Баркер, Директор на Чивнинг секретаријатот.

„Не постои ‘типичен’ студент. Твојата возраст, раса, пол, религија и културолошка позадина не ни е важна. Сакаме да видиме дека имаш енергија, љубопитност, јасна визија за својата иднина и можност за остварување на твоите цели. Ако ова звучи како твој опис, тогаш постои голема веројатност да станеш дел од алумни заедницата која брои преку 50,000 членови ширум светот“, порачува Рејчел Галовеј, британската амбасадорка во Република Северна Македонија:

Чивнинг стипендиите се дел од глобалната програма на британската Влада за стипендирање финансирана од Министерството за надворешни работи, комонвелт и развој. Стипендиите поддржуваат студирање на британски универзитет за едногодишни магистерски студии и индивидуалци кои покажуваат потенцијал да станат идни лидери, носители на одлуки, и креатори на мислење.

Чивнинг програмата постои од 1983 година и низ годините се разви во престижна меѓународна програма. Чивнинг стипендистите се од над 160 земји и територии во светот, во последните 5 години се доделени речици 10 000 стипендии. На глобално ниво има над 50 000 стипендисти, влијателна и ценета мрежа.

Името „Чивнинг“ доаѓа од Чивнинг резиденцијата во Севеноукс, Кент – која моментално е заедничка официјална резиденција на британскиот министер за надворешни работи. Повеќе информации на www.chevening.org