Во Кенија поради сушата угинале повеќе од 200 слонови за 9 месеци

Повеќе од 200 слонови угинаа во Кенија поради сушата од февруари до октомври оваа година, соопштија тамошните власти, пренесува Данас.

Кенија, како една од главните туристички дестинации во Африка поради дивината, се соочува со суша веќе 40 години, додека гладот погодува околу 4 милиони од вкупно 50 милиони жители.

„Сушата предизвика смрт на диви животни, главно тревопасни, бидејќи немаше доволно храна и вода“, соопшти Министерството за туризам.

Од февруари до октомври 2022 година, угинале 205 слонови поради недостиг на вода низ целата земја, како и 512 биволи, 381 зебри, 12 жирафи и 51 бизони.

Во Кенија минатата година имало повеќе од 36.000 слонови.