Во ГТЦ се собираат средства за опожарените домови во Циглана

Под слоганот „Донирај за надеж, донирај за иднина“, Клубот на млади на Црвен крст – Шуто Оризари денеска од 12:00 до 20:00 часот во Градскиот Трговски Центар ќе собира средства за опожарените 25 домови во Циглана.

Во ГТЦ се собираат пари за опожарените домови во Циглана

Пред десетина дена околу 20 куќи целосно изгореа во голем пожар кој избувна во оваа населба.

Во пожарот за среќа немаше повредени, но беше причинета огромна материјална штета и осумдесетина граѓани останаа без своите домови.

На сликата подолу достапни се жиро сметки на кои може да донираат средства граѓаните кои сакаат да помогнат.

Во ГТЦ се собираат пари за опожарените домови во Циглана