Во Франција отворен првиот соларен пат во светот

Францускиот министер за животна средина, Сеголен Ројал, официјално го отвори првиот соларен пат во светот, долг еден километар и со 2 880 соларни панели во Турувр.

Патот е наменет за производство на енергија што ќе биде доволна за напојување на уличното осветлување за село со 3400 жители.

Новиот соларен пат ќе биде тестиран две години, а двата главни фактори кои ќе се разгледуваат се рокот на траење и резултатот.

Директорот на градежната компанија, Жан-Чарлс Бруаза се чинеше прилично оптимист во своите изјави.

„Ние се уште сме во експериментална фаза. Градењето на пробниот пат е вистинска можност за нашите иновации“, вели тој.

Сепак, не се сите толку возбудени околу соларниот пат. Дел од граѓаните сметаат дека владата потрошила многу пари на овој проект.