Владата препорача антикорупциска едукација на учениците

Владата на вчерашната седница го задолжи Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и оваа учебна година да ги извести сите основни училишта за потребата од планирање на антикорупциски содржини во своите годишни програми.

„Согласно дописот, се очекува во учебната 2019/2020 година училиштата да ги реализираат планираните активности од нивните годишни програми за работа кои се однесуваат на активности поврзани со антикорупциската едукација на учениците“, стои во владиното соопштение.

Одлуката, како што информираат од Владата, е во насока на имплементација на клучните мерки во однос на антикорупцијата од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020.