Регулирањето на Шар Планина како национален парк би го формализирало нејзиниот статус како заедничко добро. Тоа би иницирало процес на освестување и разбирање на природниот ресурс, неговата важност, како и важноста на одржливото и хуманото управување со него.
Токму ова е темата на видео истражувачката сторија „Национален Парк Шар Планина“, една од трите стории концепирани од Плоштад Слобода, а продуцирани од Кадар продукција во кои ќе бидат поставени прашања за состојбата со заедничките добра во Македонија.
Во Македонија постојат три национални паркови : Маврово, Галичица и Пелистер. Галичица е последниот национален парк, прогласен во 1958 година. Површината на Националниот Парк Шар Планина би била 50 000 хектари.
Видеото погледнете го во продолжение: