[Видео] Секое дете заслужува правда

Во видеото кое го објави Хелсиншкиот комитет за ќовекови права е прикажан случај на нехуман третман кон дете од ромската етничка заедница од страна на медицински лица во јавна здравствена установа. Поради скршеница на раката, малолетното дете заедно со неговата мајка побарале лекарска помош. Но, наместо помош од медицинските лица добило „шлаканици”! Наводно, детето не ги слушало медицинските лица додека се обидувале да му ја наместат скршената рака без анестезија…