[Видео] Од Лондон до Сиднеј демонстранти повикаа на прекин на бомбардирањето на Газа

Илјадници луѓе синоќа маршираа во Лондон, Сиднеј, Мексико Сити и Њујорк барајќи Израел да го прекине бомбардирањето на Газа, пренесува Н1.

На денот кога првиот конвој со хуманитарна помош влезе во Газа од почетокот на војната, демонстрантите се собраа пред лондонскиот Хајд парк, каде што почнаа да маршираат. Тие носеа палестински знамиња и повикаа на прекин на израелската блокада на Газа. Британските власти ги повикаа демонстрантите да имаат обѕир и спрема болката и вознемиреноста на еврејската заедница.

Во Австралија, илјадници луѓе демонстрираа извикувајќи „Срамота, срамота за Израел!“ и „Палестина никогаш нема да умре!“.

Синоќа протести се одржаа и во Њујорк и Мексико Сити.

На демонстрацијата во Њујорк вчера заедно излегоа муслимани и Евреи извикувајќи: „Престанете веднаш!“. Полицијата подоцна уапси неколку десетици демонстранти кои блокираа улица во градот.

Во Мексико Сити синоќа десетици луѓе запалија свеќи и извикуваа „Слободна Палестина!“.

Ширум светот се одржуваат и произраелски демонстрации и бдеење со барање за ослободување на заложниците киднапирани од членовите на Хамас на почетокот на војната.