[Видео] Нови приказни од амбулантата: Живот во шише

Како изгледа животот на еден собирач на пластични шишиња? Со какви здравствени опасности се соочува тој? За што сонува и кои се неговите желби? Погледнете од приказната на Себастијан.

Видеото е дел од новиот проект на граѓанските организации ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Кхам и Сонце со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија. Проектот „Нови приказни од амбулантата“ има за цел да ги прикажува бариерите во комуникацијата меѓу здравствените работници и Ромите, како и дискриминацијата со којашто се среќаваат пациентите Роми.