[Видео] Млади за Скопје, епизода 3

„Култура е одраз на ментална состојба на секој субјект. Култура е насловна страна на секое општество. Култура е тоа што го немаме ние. Култура е – тоа што ни треба!“.

Со овие зборови од песната „Култура“ на „Токму така“ започнува новата, трета епизода на иницијативата „Млади за Скопје“, повторно посветена на културата, културните бранувања, но и специјално посветена на Тамара Тодоровска, која животот го загуби во сообраќајна несреќа во 2017 година.

„Тамара беше еден од основачите и главен двигател на проектот Млади за Скопје. Тамара ќе наполнеше 23 години на 23/12/2020. Засекогаш ќе остане во нашите срца и мисли!“, велат од Млади за Скопје.

Токму на крајот на годинава, „Млади за Скопје“ го организираат својот трет настан, со изложбата на ликовната уметница Бранкица Јордановска и свирка на триото „Палиндром“. Овие артисти со нивните интервјуа се во фокусот на новата епизода: