[Видео] Маж ја удри Марина Абрамовиќ по глава со нејзин портрет

Српската уметница Марина Абрамовиќ беше нападната во Фиренца во неделата за време на потпишување на нејзина книга, кога еден од присутните ја удри по глава со слика, портрет од неа. Тој потоа изјави дека го сторил тоа за „неговата уметност“.

Според „Њујорк тајмс”, во моментот кога Абрамовиќ излегувала од просторијата, идентификуваниот Вацлав Писвејц ѝ пристапил со врамениот портрет.

„Тој дојде напред, ме погледна во очи и јас се насмеав, мислејќи дека тоа е подарок за мене”, изјави таа.

„Во дел од секунда го видов неговиот израз како се промени и стана насилен. Знаете, опасноста секогаш доаѓа многу брзо, како смртта “.

Потоа, ја удрил по главата, како што може да се види во видеото:

Абрамовиќ била зашеметена, но не и повредена. Писвејц е опишан како „надежен уметник” од Чешка, но како што се вели во дел од коментарите „ тој се обидувал да направи проблеми на сите изложби“.

Абрамовиќ одби да поднесе тужба, а подоцна побара да се состане со Писвејц. Кога се сретнала со него за нападот, тој, наводно, изјавил: „Морав да го сторам тоа за мојата уметност”.