[Видео] Како ќе реагирате ако фармацевтот има Даунов синдром?

УНИЦЕФ Македонија, на својата фејсбук страна објави видео од социјален експеримент со скриена камера, преку која се регистрираат реакциите на луѓето кои во аптека се услужени од лице со Даунов синдром.

Видеото е дел од кампањата „Биди фер – за детство без пречки“, на УНИЦЕФ и Европската Унија, за подигање на јавната свест и обезбедување поддршка за правата и учество на децата со попреченост во општеството на рамноправна основа со другите деца. Кампањата сака и да поттикне јавноста да се идентификува со бариерите на кои секојдневно наидуваат децата со попреченост.