[Видео] Гутереш: Вие младите сте најголем извор на надеж, продолжете да вршите притисок

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, во новогодишната порака се обрати до „најголемиот извор на надеж – младите луѓе во светот“.

„Светот има потреба младите луѓе да продолжат да говорат гласно. Продолжете да размислувате за големи нешта. Продолжете да ги туркате границите. И, продолжете да вршите притисок“, рече Гутереш.

Гутереш, кој ја презеде челната позиција на ОН на 1-ви јануари 2017 година, во обраќањето говореше за еколошките проблеми и објави „Декада на акции за Целите за одржлив развој“.

„Од климатска акција, родова еднаквост и социјална правда, до човекови права, вашата генерација е на првите редови и во насловите на вестите. Инспириран сум од вашата пасија и одлучност. Со право барате улога во обликување на иднината. Јас сум со вас“, додаде Гутереш.