[Видео] Еngage Кicks&Gigs@Home со Ѕрети

Во новата епизода на „Engage Кicks&Gigs@Home“ гостуваат Ѕрети – современиот македонски бенд создаден во јуни, 2018 година. Од спонтано тридневно творење во Прага, произлегува нивното прво ЕП издание „Слатки, мали музики“. Ѕрети почнуваат како дуо, за брзо да прераснат во петчлен бенд: Сања Јакимова (вокал), Владимир Владимиров (гитара), Бојан Јанков (бас), Давид Стојкоски (клавијатури) и Ерик Омерагиќ (тапани). Трите синглови од албумот, Планини, Ветар и О, слободи се нивен обид за пресликување на една удобна и интимна атмосфера во период во кој решаваат да ја ослободат својата инспирација.

Во време кога поради новиот корнавирус седиме дома, и македонските музичари во „Engage Кicks&Gigs@Home“ од својот дом/двор/кров… ги изведуваат омилените песни. Во веб серијалот гостуваат млади и алтернативни бендови и музичари од земјава, а целта ни е да ја поддржиме и промовираме локалната сцена, како и да ја запознаме публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.