Вевчанскиот карневал годинава ќе добие 1,8 милиони денари поддршка од државата

Министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска изјави дека оваа година Министерството ја засилува поддршката за Вевчанскиот карневал со сума од 1,8 милиони денари, односно 29 илјади евра.

„Вевчанци имаат посебен дух и гостопримство, посебна креативност, духовит и  критичен однос кон општествените случувања што од година в година се попривлечни и атрактивни за светските медиуми и гостите од регионот и од Европа“, рече министерката по средбата со градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски потпишаа на која беше потпишан договор за финансирање на традиционалната манифестација „Вевчански карневал 2024“.

Костадиновска-Стојчевска, како дел од проектите за кои е дадена поддршка во Вевчани, го истакна и првиот мурал „Василичарска епопеја“, потенцирајќи дека во Вевчани се вложува и во едукацијата на младите за продолжување на традицијата на фолклорната уметност на следните генерации.

„И оваа година продолжува поддршката за културата во Вевчани како општина која е важен сегмент за нашата богата македонска изворна традиција и која се пренесува на новите генерации. Министерството за култура останува силен поддржувач на вредностите кои ги промовираат македонскиот идентитет и културното наследство“, изјави таа.

Традиционалниот вевчански карневал ќе одржи на 12, 13 и 14 јануари, а дотогаш погледнете како беше атмосферата лани.

[Галерија] Вевчанци продефилираа со овогодишните маски на традиционалниот карневал