Отворена манифестацијата „Вевчанско лето“

Со монодрамата на „Кармен“ од Билјана Драгиќевиќ Пројковска, а во режија на Дејан Пројковски, вчеравечер се отвори „Вевчанско лето“.

Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски кој истакна:

„Навистина ми е драго што ова лето успеавме, благодарение на Здружението за афирмација на туризмот, културата и културното наследство – Вевчани Турист Инфо да обезбедиме богата културна понуда за вевчанци, за туристите кои во летниот период доаѓаат во Вевчани и за сите љубители на културата, спортот и уметноста. Општина Вевчани издвои средства за нешто што навистина заслужува и е важно за една населба како Вевчани. Им благодарам на сите вевчански уметници, културни дејци кои што целосно ја прифатија поканата да соработуваат и одговорија да бидат дел од оваа богата содржина“.

Манифестацијата Вевчанско лето продолжува на 20 јули (Среда) со отворење на Детска ликовна изложба од учесниците на летната ликовна школа на колонијата „Вевчански видувања“ во 20 часот, во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ – Вевчани.