[Фото] Уметници во Вевчани направија мурал против развојот на војни

Кај основното училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани има нов мурал од Дафина Шекутковска, Аница Китаноска и Милко Нестороски. Тие посочуваат дека како уметници поттикнати од сегашните настани во светот и случувањата што се од јавен интерес за сите, сакале да дадат нивен придонес со мурал посветен против развојот на војните.

„Како што вели Исак Асимов ‘Најтажниот дел од животот моментално е тоа дека науката собира знаење побрзо отклоку што општеството собира мудрост’.Физичарот Ајнштајн бил толку разочаран од атомската бомба, и чувствувал грижа на совест бидејќи искористиле дел од неговата наука за да ја создадат, што по фрлањето на бомбата оди да ги посети децата во болниците во Јапонија. Набргу потоа заедно со математичарот и филозофот Бертран Расел во средината на Студената војна, го издале Расел-Ајнштајновиот манифест во Лондон на 9 јули 1955 година за да ја спречат употребата на атомската бомба“, посочуваат уметниците.

Манифестот, посочуваат тие, ги истакнува опасностите што ги претставува нуклеарната енергија, а е потпишан од многу светски лидери.

„За да го постигнат ова тие  направиле конференција, одржана во јули 1957 година, која била првата Пугваш конференција за наука и светски прашања. Понатаму како еден од коосновачите на конференцијата, физичарот Ротблат ја добива Нобеловата награда за мир, на чиј говор вели: „Запомни ја твојата човечност, и заборави го остатокот’. Во духот на овој манифест, сметаме дека порано научната и уметничката заедница биле многу повеќе општествено одговорни, и влијаеле на тековните настани во светот“, соопштуваат авторите.

Со овој мурал, велат тие, сакаат да ја изразат желбата за поголемо учество на двете заедници во тековните настани.

„Главните елементи на муралот се: лицата на Ајнштајн и Расел и нивниот манифест со експлозија на атомска бомба, која е забранета со знак, симболично се претставени животот и природата која тие ја заштитиле, текст со црвена боја ‘Science convention against war needed’. Во чест на Расел и Ајнштај, исто така има и една мала полициска кутија, што ја симболизира  научо – фантастичната серија ‘Doctor who’, затоа што биле реалните двигатели на промена во нивното време“, соопштуваат уметниците.