„Те љубам на кирилица“ – мурал на Петре М. Андреески во Демир Хисар

Насловен „Те љубам на кирилица“, во Демир Хисар е претставен нов мурал посветен на македонскиот писател Петре М. Андреески.

Муралот е изработен од страна на уметницата Дијана Колонџоска и нејзините ученици од СОУ „Крсте П. Мисирков” Демир Хисар – Александра Василевска, Арта Рушани и Викторија Мијајлевска, а е нацртан на еден од ѕидовите на Центарот за култура „Илинден“ во Демир Хисар.

„Овој мурал ќе сведочи за нивната посветеност, трудот и љубовта кон уметноста! Vita brevis, ars longa! – Животот е краток, уметноста долга“, порачуваат од СОУ „Крсте П. Мисирков”.

Оттаму додаваат дека Андреески потекнува од с. Слоештица, а во неговото творештво Демир Хисар се јавува како главен и никогаш непресушен мотив.

Муралот е проект во рамките на конкурсот “Цртај на Македонски јазик” поддржан од Министерството за култура.