• Youtube
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram

Радио МОФ
Мени
  • Вести
    • Вести
    • Граѓани
    • Образование
    • Култура
    • Музика
    • Кампањи
    • Наука
    • Shqip
    • Лабаво
    • Став
    • За Вас
  • Програма
  • Видео
  • Емисии
  • Подкасти
  • #ИнфоДемија
  • АКТИВИЗАМ ПОД МАСКИ
  • Истражувања
Вести
24/01/2013 0

Конкурс за учесници на тренинг-курс за онлајн говорот на омраза

Младинскиот оддел на Советот на Европа ги поканува сите млади активисти кои се засегнати од…

Вести
24/01/2013 0

Професорот кој им предава на 180.000 студенти

Американскиот филозоф и професор на универзитетот „Дјук“ Валтер Синот-Армстронг спроведува онлајн-курс наречен: „Think Again: How to Reason…

Вести
24/01/2013 0

Европски поетски Фејсбук фестивал

Културниот центар „Ново Милошево“ од Србија ги повикува поетите од сите европски земји да учествуват…

Вести
24/01/2013 0

Жан Мишел Жар ќе одржи бесплатен концерт во Ниш во септември

Легендарниот француски музичар и пионер на електронската музика и New Age жанрот Жан Мишел Жар …

Вести
23/01/2013 0

Натпревар за најдобар есеј на тема „Јас имам сон”

Амбасадата на САД во Скопје, Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ колеџ Скопје и…

Вести
23/01/2013 0

Поддршка за Пинар Селек

Неколку активисти од Македонија се обединети за поддршка на Пинар Селек, социолог, истражувач и писателка…

Вести
23/01/2013 0

Студенти по право бараат да се растовари полагањето правосуден испит

Група студенти и дипломци на Правниот факултет „Јустинијан Први“ организираат петиција за растоварување на термините…

Вести
23/01/2013 0

„Millko“ го промовираат новиот албум

Македонскиот бенд „Милко“ („Millko“) го промовира својот нов албум со назив „Луѓе“. Бендот е уникатна појава…

Вести
23/01/2013 0

Законот се менува за построга владина контрола врз универзитетите

Со измените во Законот за високото образование, кои се носат по скратена постапка и без…

Вести
22/01/2013 0

Електро-брејк продуцентот Алавукс номиниран за најдобар продуцент на Breakspoll 2013

Електро-брејк продуцентот од Србија, Алавукс (Alavux) е номиниран за најдобар продуцент на годинешното издание на…

Претходно 1 … 3,352 3,353 3,354 3,355 3,356 … 3,360 Следно
  • Популарно

    • Most Viewed
    • УСС УКИМ до студентите: Ако контролорите ви пишат казна при годишен билет, ЈСП ќе ја поништи
    • 2.116 оздравени, 15 починати и 361 нови случаи на Ковид-19 последново деноноќие
    • 2.009 оздравени лица, 190 нови случаи и шест починати изминатово деноноќие
    • Тетово за првпат добива јавен превоз - „Тетово транспорт” ќе вози по три линии
    • МЗ: 13 починати, 63 новозаразени и 176 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие
    • НОВО
    • За Вас
    • Lajme në gjuhën shqipe
    • 19/01/2021 0 Во светот досега се искористени повеќе од 40 милиони дози вакцини против Ковид-19
    • 19/01/2021 0 Судот му одреди притвор од 30 дена на опозициониот лидер Навални – тој ги повикa Русите да излезат „на улица“
    • 18/01/2021 0 Денес ќе биде сослушан Мирослав Алексиќ, српскиот драмски педагог обвинет за силување на повеќе девојки
    • 18/01/2021 0 МЗ: 13 починати, 63 новозаразени и 176 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие
    • 18/01/2021 0 Повик за волонтери кои ќе ја истражуваат корупцијата со која се соочуваат жените на работно место
    • 18/01/2021 0 Повик за волонтери кои ќе ја истражуваат корупцијата со која се соочуваат жените на работно место
    • 18/01/2021 0 Започна пријавувањето за маратонот „Водно-Матка Треил“
    • 14/01/2021 0 Отворен повик за младинска размена во Јапонија
    • 11/01/2021 0 „Драг МКЦ“ – повик за испраќање приказни по повод 50-годишнината од МКЦ
    • 05/01/2021 0 Конкурс за наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ – отворен до 15 јануари
    • 18/01/2021 0 Анализа: Цените на становите во пораст – што ги поскапе недвижностите?
    • 12/01/2021 0 „Попис“ – статистичка операција под политички притисок
    • 30/12/2020 0 Топ 10 ретроспектива на пандемиската 2020 година
    • 21/12/2020 0 Kонкурс за есеј на тема „Активизам под маски“
    • 11/11/2020 0 Епидемиолозите не стигнуваат да ги завршат анкетите – граѓани оставени на својата совест
  • Радио моф на FACEBOOK

    Радио МОФ
  • Радио МОФ на TWITTER

    Tweets by @RadioMOF
  • Радио МОФ на Instagram

    radiomof

    @newsmaxadriabg Молчење... Неприја @newsmaxadriabg 

Молчење... Непријатно е, ама се навикнавме да молчиме за многу важни работи.

Вовед во Предглед на Денот #PregledDana со Јелена Обучина.

#radiomof #инставести #мквести #ćutanje #newsmaxadria
    Случајот кој предизвика бурни реакции во регионот 👇

Актерката Милена Радуловиќ деновиве јавно го обвини драмскиот педагог, режисер и сценарист Мирослав Алексиќ за силување. Актерката тогаш имала 17 години.

„После тешка внатрешна борба, неколку храбри девојки и јас решивме да го сопреме магичниот круг на злоупотребата“, напиша Радуловиќ на својот „Инстаграм“ профил.

Факултетот за драмски уметности во Белград преку соопштение ја поддржа младата актерка и некогашната студентка Милена Радуловиќ.

„Сакаме да ја потсетиме јавноста дека Мирослав Алексиќ никогаш не работел на Факултетот за драмски уметности, ниту на кој било начин бил вклучен во процесот на едукација на нашите студенти и студентки“, се вели во соопштението на српската академија.

Актерката Радуловиќ доби поддршка од соработниците и невладините организации, додека јавни писма за охрабрување беа испратени и од македонските активистки и активисти.

Според последните информации, Алексиќ кој е познат драмски педагог и сопственик на училиште за актерство во Белград, е приведен бидејќи повеќе девојки пријавија силување и сексуално вознемирување. Тој денеска е сослушуван пред Високото јавно обвинителство.

Постојат сомнежи дека од 2012 до 2020, осомничениот наставник сексуално нападнал пет ученички, од кои две за време на нападот биле малолетни, соопштило српското Министерство за внатрешни работи.

Доколку обвинителството покрене кривична постапка за силувања и вознемирување, Алексиќ може да биде осуден на 15 години затвор.

#instanews #radiomof #milenaradulovic
    Понеделнички #ИнстаИлустра Понеделнички #ИнстаИлустрации со 
Јована Димитриевска ☕

Таа е стипендистка на академијата за графички дизајн при @semos_education

Отсекогаш цртала, имајќи можност да расте во семејство кое креира и прави како што вели таа, од ништо-нешто.

Уметноста ја привлекувала од мали нозе, па затоа и се одлучила техничката струка да ја замени со креативна.

„Инспирацијата ја влечам воглавно од сè што предизвикува некаква емоција во мене. Тоа може да биде книги, песни, филмови или пак од други артисти чиј стил ми се допаднал… Најмногу сакам на сè да вдахнам живот и приказна што вообичаено резултира во нови интересни карактери и фантастични сцени“, вели таа за Радио МОФ.

Димитриевска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации

Нејзините илустрации се достапни н нашето story или директно на профилот @radiosilence___

#artsofheaven #beginner #digitaldrawing #digital #art #coffee #kritaart #artisawayofsurvival #digitalillustration #fishes #creativity #artist #digitalpainting #krita #digitalart #artistsoninstagram #inspiration #radiomof #уразакултура
    Ваш предлог? 

Од Општина Центар ги повикуваат сите заинтересирани да дадат предлог за името на новиот општински Младински центар на нивната веб-страница.

Од Општината посочуваат дека во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП го реконструираат објектот на поранешно „Матично“, кој за многу кратко време ќе стане современ општински Младински центар.

„Реконструкцијата опфаќа поставување нова фасада и покрив, внатрешно уредување на објектот, реконструкција на санитарниот јазол, промена на внатрешниот водовод, санирање на фекалната канализација, нови санитарии, ново електрично осветлување, телефонско и компјутерско вмрежување, видео мониторинг систем, како и громобранска и против пожарна инсталација. Реконструктивниот зафат чини 6.941.282,00 денари со пресметан ДДВ. Општина Центар обезбеди 83 проценти од финансиските средства, односно 5.768.074,00 денари од Буџетот на општината за 2020-та година, а останатите 1.173.208,00 денари беа обезбедени од Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), во форма на донација“, соопштија од Општината.

Сите граѓани кои имаат желба, можат да го дадат својот придонес, да ја посетат веб страната на Општина Центар, centar.gov.mk и во полето предвидено за предлози за име на новиот Младински центар да го внесат својот предлог.

Победничкото име, најавуваат од Општината, ќе биде јавно објавено по завршувањето на собирањето на предлозите и изборот на победничкиот предлог.

#мквести
#млади #instanews #radiomof #skopje #youth #youthcenter #мкобразование #образование
    Во денешното издание на #ИнстаПоезија ја читаме песната „Апсурд“ на Елена Николоска. Таа за себе вели дека е математичарка, но и поетеса, која го обожава сонцето и пријателите, а го љуби постоењето и Дениција.

#поезија #poets #writersofinstagram #poems #poetry #poetsofig #writer #writing #poem #УраЗаКултура #writingcommunity #писатели #култура #стихови #ИнстаПоезија #radiomof
    Тим на 10 планинари од Непал Тим на 10 планинари од Непал станаа првите во историјата кои го искачија врвот К2 во зима, соопшти алпинистичката организација која го предводеше потфатот.

Последниве неколку недели шеесетина планинари се натпреваруваа во тоа кој ќе биде првиот што ќе го искачи вториот највисок врв во светот (8.611 метри) на планинскиот масив Каракорум и единствениот врв повисок од 8.000 метри кој не бил освоен во зимски услови.

„Успеавме. Патешествие до врвот кое досега не било видено во историјата. Ова е најголемиот потфат во историјата на алпинизмот и е одличен пример за тимска работа. И благодариме на планината што ни го дозволи ова искачување – ако планината те пушти да ја искачиш, никој не може да те сопре“, напиша на Фејсбук Шерпасот Чанг Дава, менаџерот на експедиции од организацијата „Седум врва“ (Seven Summit Treks).

Од првиот обид во 1987-1988 година, само мал број зимски експедиции се имаат обидено да го искачат врвот висок 8.611 метри на границата помеѓу Пакистан и Кина.

Никој од нив досега се немаше искачено повисоко од 7.650 метри, а добрите услови денеска дозволиле планинарите да се одлучат да ја совладаат последната делница.

К2 е познат и под називот „дивата планина“ со ветришта кои на врвот знаат да достигнат и до 200 километри на час и температури кои се спуштаат до -60 целзиусови степени.

Оваа зима четири тима со околу 60 планинари се обидуваа да го остварат ова историско достигнување, што е најголем број од сите претходни експедиции заедно.

10-те непалски планинари претходно беа поделени во различни тимови, но формираа нова група со цел да го освојат врвот во името на Непал.

#instanews
#k2 #mountains #mountaineering #picoftheday #mountainlife #nepal #radiomof
    Уметници се „заробија“ себеси во театарот „Белини“ во Напа, за да протестираат против мерката со која се забрануваат живите настапи во Италија. Истовремено, уметниците ќе работат и на претстава за карантинот.

Шест уметници, четири актери и два драматурзи моментално се населени во театарот и работат на претстава за карантинското искуство со наслов „Црвената зона“ – името со кое Италија ги обележува високоризичните региони од ковид-19.

„Се затворивме во театарот, но луѓето се затворени во своите домови повеќе од една година. Мислам дека она што нас не турка напред ќе биде отсликано во публиката која ќе дојде да ја погледне претставата“, изјавила режисерката и авторката на текстот Лиција Ланера.

Претставата е и протестна нота против политичката апатија за улогата на претставите во современото општество.

„Идејата се роди откако зборувавме за политичката улога на театарот“, изјавил Даниел Русо, уметнички директор на театарот „Белини“.

„Публиката, кога театарската завеса одново ќе се крене, мора да увиди дека некои луѓе се противеле и покрај се’, исто како што отпорот се пројавувал низ италијанската историја. Токму поради оваа причина, претставата ќе биде уметничко дело“, изјавил Давид Сако, коавтор на проектот „Црвена зона“.

Претставата ќе биде одиграна само еднаш, на денот кога италијанските театри повторно ќе бидат отворени за публиката.

Театрите во Италија беа затворени минатата година во март, за време на првиот бран од пандемијата, а своите врати ги отворија во јуни. Но, вториот бран на регистрирани случаи во ноември одново ги затвори вратите на културните институции.

Италија е една од најпогодените земји од пандемијата во континентална Европа, со над 80.000 случаи и над 2.3 милиони регистрирани случаи.

#instanews #teatro🎭 #italy
#radiomof #covid_19 #isolation #protest #actress #actor #actorslife
    Некој сакаше снег? Voilà 🤗 #ф Некој сакаше снег? Voilà 🤗

#фотонанеделата #фотонаденот #инстаграмџии #инстаграмџики #скопје #снег #snow #skopje #vscomacedonia #radiomof #snowing
    Во мирна атмосфера, со македонска традиционална музика и оро, денеска продолжи карневалот во Вевчани откако вчера полицијата ги растера граѓаните поради прекршување на мерките за групирање.

Маските изобилуваат со актуелни политичко-општествени пораки – од нападот во Американскиот Конгрес, па до коронавирусот. По вчерашното дефиле, карневалот традиционално ќе заврши со палење на маските на средсело.

Полицијата, пак, денеска е помалубројна и стои отстрана набљудувајќи го настанот.

Годинава карневалот официјално не се организираше поради пандемијата, иако тоа не ги спречи граѓани самите да ја одржат традицијата и да продефилираат со маските. 

Во продолжение, ви ја пренесуваме атмосферата.

#radiomof #инставести #мквести #карневал #вевчани #вевчанскикарневал #carnival #vevcani
    Choose your fighter ⚡ Петар Шулевск Choose your fighter ⚡

Петар Шулевски од Скопје илустрира и создава ликови уште од мал, добивајќи идеи од различни цртани филмови и стрипови кои во тоа време ги гледал и читал. Дигиталниот цртеж му е главен начин на изразување, иако до неодамна најмногу цртал традиционално. Во моментов работи како фриленс концепт артист и илустратор.

„Воглавно цртам во боја, но во слободно време обожавам да цртам и црно бели илустрации. Кога цртам за себе преферирам да користам фајнлајнери, дрвени боици и алкохолни маркери, но на проекти работам исклучиво дигитално. Засега сум многу задоволен од работата која ја работам и иако знам дека имам уште многу за учење и за надоградување, на тоа гледам како еден голем предизвик и патување исполнето со возбудливи и забавни моменти, а тоа од ден на ден се повеќе ме мотивира“, вели тој за Радио МОФ.

Шулевски досега бил вклучен во неколку проекти, од кои еден е како концепт артист за Апаси студиос, а во моментот работи на уште два поголеми од кои едниот е како илустратор за македонска книга која се надева дека ќе биде издадена наскоро. Има освоено и награда за  најдобар минималистички дизајн на тетоважа на натпревар во Дојран.

Тој вели дека обожава да создава ликови и чудовишта за кои инспирација црпи од најразлични игри, филмови, серии, аниме, стрипови и книги. Како артисти кои најмногу го инспирираат се: Марк Брунет, Карл Копински, Трент Каниуга, Итан Бекер, Дејв Греко и Даниел Шерекин.

Шулевски е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации

Неговите илустрации се достапни кај нас во story или директно на профилот @sule.the.artistic.letdown 

#art #character #characterdesign #oc #originalcharacter  #creature  #ocdrawing #illustratenow #artist #artistoninstagram #drawing #creaturedesign  #makearteveryday #instaart #arts_gallery #thenativecreative #iliketoartyhard #artfinder #characterconcept #characterart #drawdaily #drawchallenge #digitaldrawing #digitalart #digitalpainting #digitalillustration #digitalartist #radiomof #уразакултура
    И денеска студентите кои се И денеска студентите кои се сместени во студентскиот дом во центарот на Скопје, „Кузман Јосифовски Питу“ се разбудија смрзнати, без парно, а немаат ниту топла вода.

„Сé уште нема ни парно ни топла вода“, вели за Радио МОФ студентка од домот, која заедно со група студенти алармират за проблемот кој како што велат, се појавил на почетокот на месец јануари.

„Температурите надвор се секој ден се пониски, а ние остануваме без основните услови за живот. Откако се пожаливме кај управничката добивме два различни одговори – прво дека имало дефект, а откако продолживме да инсистираме дека ситуација не е во ред, добивме друг одговор дека проблемот бил во тоа што се менувал директорот. Заклучокот на управничката беше дека “деновиве” ќе има парно и топла вода. Деновиве – додека ние седиме во ладни соби и не можеме да си обавиме хигиена на овие ладни температури а тие од управата си одат дома на топло“, велат студентите.

Од ДСД „Скопје“ пак велат дека проблемот е во доцнење на испораката на екста лесно масло за горење во овој студентски дом. Директорот Виктор Велевски, кој минатиот месец ја презема оваа функција, вели дека гориво има, ама се појавил проблемот со испораката поради попис во Дирекцијата за задолжителни нафтени резерви.

„Во комуникација сме со интитуциите. Денеска заедно со министерката за образование Мила Царовска и претставници на Владата баравме побрзо решение за проблемот. Температурите се ниски, а студентите се греат на греалки на струја, но проблем е топлата вода“, вели директорот, без да прецизира кога студентите ќе добијат парно и топла вода.

Додава дека дел од греалките на струја биле обезбедени од домот, а дел студентите си ги донеле од дома.
Инаку, ова е единствениот студентски дом во Скопје што не е приклучен на градското парно, и покрај најавите дека тоа ќе се случи уште минатата година.

Смената на системот за грење во домот влезе во Планот за чист воздух претставен во 2018 година, по острите реакции на јавноста поради испуштањето црн чад од домот во центарот на Скопје. Во јули 2019 година, Владата донесе одлука за одобрување средства од Буџетот од 9 милиони денари (околу 150 000 евра) за замена на системот за греење.

#образование #radiomof
    Стефан Томас не е првиот човек кој си ја заборавил лозинката, но овојпат заборавената лозинка може да го чини многу.

На Стефан Томас му преостануваат уште два обида за да си ја погоди лозинката и да добие богатство од 240 милиони долари.

Томас е компјутерски програмер кој живее и работи во Сан Франциско, а точно пред една деценија заработил 7,002 биткоини како хонорар за изработка на видео во кое се објаснува како функционира криптовалутата.

Пред 10 години, кога Томас го заработил својот хонорар, биткоинот имал вредност од два до шест долари. Тој својата заработка ја внел во својот дигитален паричник и ја заборавил.

Денес, биткоинот има вредност од 34.000 долари, па заработката на Томас се вреднува 240 милиони долари. Но, Томас ја заборавил лозинката.

Тој веќе осум пати пробал да ја внесе својата лозинка, но безуспешно. Преостанати се уште два обида, но ако повторно погреши, пристапот ќе биде блокиран и тој никогаш нема да ги добие средствата.

Минатата недела, вредноста на биткоинот имаше раст од 40.000 долари, што е двоен раст за помалку од еден месец.

Томас изјавил дека ги испробал неговите осум најчести лозинки за да се логира во неговиот „АјронКи“ хард-драјв, но сите биле погрешни.

„Лежам во креветот и си размислувам. Одам до компјутерот со нови стратегии, тие се безуспешни и повторно си легнувам во очај“, нагласил тој за „Њујорк Тајмс“.

Томас истакнал дека ова искуство тотално одвратило од криптовалутите.

„Целата оваа идеа, да се биде сопствена банка – ајде вака ќе се изразам, дали сами си ги произведувате чевлите? Причината поради која постојат банки е за да не се занимаваме со процесите кои банките ги извршуваат“, додал тој.

Целиот текст е достапен на www.radiomof.mk

#radiomof #мквести #инставести #биткоин #bitcoins #crypto
    Maкедонската актерка Сара К Maкедонската актерка Сара Климоска ќе ја добие наградата „Ѕвезди во подем“ (Shooting stars) која секоја година се доделува на најталентираните европски актери од платформата Европска филмска промоција (ЕФП).

Ѕвездата на филмот „Врба“ се најде меѓу 10-те млади актери кои ќе ја добијат наградата на манифестацијата која ќе се одржи дигитално од 23 до 25 февруари, пред 71-то издание на Берлинале.

„Изведбата на наградената актерка Сара Климоска од Северна Македонија е откритие во вистинска смисла на зборот, со емотивна длабочина која ги надминува нејзините години, прекрасно прикажана во филмското деби на Игор Алексов „Лена и Владимир“ кое ќе биде прикажано оваа година“, стои во образложението од ЕФП.

,,Иако оваа година, за жал, нема да можеме да ги запознаеме во живо, ве повикуваме да ни се придружите, да ги откриете и да ги прославиме најталентираните европски актери од своите домови. Ова е мотото на овогодишната дигитална програма на Европските ѕвезди во подем“, соопштија од ЕФП.

„Shooting stars“ е најстарата и најпрестижна иницијатива за промоција на актерски таленти од Европа пред меѓународната филмска индустрија. Оваа манифестација се одржува во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин и важи за една од најпрепознатливите обележја на Берлинале, каде актерите кои се избрани имаат неверојатно искуство и можност за воспоставување на контакти со европски кастинг агенции, филмски професионалци и етаблирани актери од Европа.

Во филмот „Лена и Владимир“, Сара ја глуми 16-годишната Лена, која никогаш се нема вљубено претходно, покрај средовечниот Владимир (Тони Науновски), кој пак има загубено сè што љубел претходно. Заедно доживуваат пролет во еден ладен јануари и се вљубуваат во животот.

Сценариото е на Александар Русјаков. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм, којшто е завршен минатата година, но се уште не е прикажан.

Досега од Македонија добитници на оваа награда биле: Лабина Митевска во 1998, Наташа Петровиќ во 2011 и Благој Веселинов во 2019 година.

#мквести #instanews #уразакултура #shootingstars #movie #actress #actress🎬 #radiomof
    Петар Боцевски веќе подолго време прави слики во своето слободно време за да си ја открие креативноста. Па, од неодамна тој реши своите дела да ги споделува преку Инстаграм профилот @trashh.mk

„Инспирацијата ја добив од Frank Moth, Rob Gonsalves и многу други артисти. Фотошоп сам се учам веќе четири години и пробувам новите слики да се подобри и покреативни“, вели тој за Радио МОФ.

Боцевски е уште еден млад артист кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации

Неговите дела се достапни во story кај нас или директно на неговиот профил. 

#aesthetic #space #surrealart #road #astronaut #colorful #comics #love #kiss #ayylmao #radiomof #уразакултура
    Коронавирусот и забраните за движење затворија многу луѓе во своите домови. Но, постои интернет страница чија цел е да ви овозможи поинаква перспектива во овие тешки времиња.

„Размена на прозорци“ (WindowSwap) е проект дизајниран за луѓето кои поголем дел од „Ковид-годината“ ја поминале во затворено, кој го развиле сопружниците Сонали Ранжит и Ваишнав Баласубраманиам.

Од улиците на Париз, Глазгов или Москва, до пејзажи во Сантијаго, Хаваи или Монца, преку нивната интернет-страница секој посетител може накратко да се почувствува како да гледа низ стотиците прозорци на разни луѓе од целиот свет. Или пак може да прикачи сопствено видео од погледот од неговиот дом.

„Мораме да си признаеме. Сите ние сме заглавени дома и ќе помине уште доста време пред да патуваме. „Размена на Прозорци“ е овде за да ја пополни празнината во нашите срца преку тоа што ќе ни овозможи да погледнеме низ нечиј туѓ прозорец, некаде во светот, на некое време. Ова е место на интернетот каде сите ние, кутри будалчиња гладни за патување можеме да ги споделиме нашите „погледи од прозорецот“ и да си помогнеме едни на други и да се чувствуваме малку поубаво пред повторно да можеме (одговорно) да ја истражуваме нашата прекрасна планета“, стои во описот на интернет страницата.

Фото+видео: @chriiis75 @markalanhughes @txikinomads @aytaj.namazova @camogli_window

#instanews
#radiomof #window #beautifulview
    Градоначалничката Ан Хигал Градоначалничката Ан Хигалдо даде „зелено светло“ за проектот кој ќе ја транформира улицата „Шанз-Елизе“ во парк, промена која ќе чини 250 милиони евра.

Сепак, промената ќе започне по 2024 година, кога Париз е домаќин на Олимпијадата.
Планот кој беше објавен во 2019 година од страна на локалните градоначалници и бизнисмените, ќе ја трансформира улицата долга скоро 2 километри во огромен парк.

Комитетот на „Шанз-Елизе“ навивал за големиот ре-дизајн на улицата уште од 2018 година.

„Улицата ја изгуби својата автентичност во последниве 30 години. Парижаните ја избегнуваа, а беше погодена од неколку кризи – штрајкови, здравствена и економска криза“, изјавиле од Комитетот при славење на соопштението на градоначалничката.

„Се вели дека тоа е најубавата улица на светот, но ние што работиме таму не сме сигурни во тоа. „Шанз-Елизе“ има се повеќе посетители и големите бизниси „се тркаат“ да најмат простор, но на французите им е здосадена“, изјавил Жан Ноел Реинхарт, претседателот на Комитетот во 2019 година.

Комитетот одржал јавна дискусија за што да се случи со улицата. Дел од плановите вклучувале намалување на коловозните ленти на пола, транформација на улиците во пешачки и зелени површини и садење на дрвореди за прочистување на воздухот.

Денес улицата е позната по скапите кафулиња, луксузни продавници за облека и автомобили.

Пред да започне кризата од ковид-19, архитектот Филип Чамбриета, нагласил дека од 100,000 пешаци на улицата на дневно ниво, 72 отсто биле туристи, а 22 отсто биле вработени, додавајќи дека на булеварот со осум ленти, за еден час поминуваат околу 3,000 автомобили и местото станува многу загадено.

Чембриета истакнал дека „Шанз-Елизе“ станала место каде што се собираат сите проблеми на поголемите градови – загадување, паркинг, туризам и конзумеризам.

#radiomof #мквести #инставести #париз #шанзелизе #еко #парк #зеленило #загадување
    Load More... Follow on Instagram
  • За нас
  • Програма
  • Импресум
  • Контакт
Радио МОФ е непрофитен медиум. За да ви обезбедиме објективно и професионално информирање добиваме поддршка од повеќе организации. Содржините објавени на медиумот не ги изразуваат нивните ставови или ставовите на Младински образовен форум и се професионални медиумски содржини креирани од редакцијата на Радио МОФ.