Реакции на Twitter за „глобусот“ на The Martian во категоријата комедија/мјузикл

Првото прашање кое му било поставено на Matt Damon откако освои Златен глобус за најдобар актер во категоријата комедија/мјузикл беше дали е филмот The Martian комедија.

„Не, не е комедија, филмот е мјузикл“, одговорил Damon, додавајќи: „Мислам дека тоа е всушност 18-годишна празнина“ (алудирајќи на временскиот период кој поминал од последниот пат кога освоил Златен глобус). „Во филмот го вежбав своето пеење“.

Фактот што Холивудската асоцијација на странски новинари (Hollywood Foreign Press Association) го смести филмот The Martian во категоријата комедија или мјузикл, предизвика вистинска полемика во Холивуд. Иако филмот во себе има хумористични сцени, самата приказна се фокусира на преживувањето на еден астронаут на Марс.

Многу корисници на Twitter исто така не разбираат зошто овој филм се најде во категоријата комедија/мјузикл, а ова се нивните реакции.

Извор: Huffington Post