Концертна промоција на триото Фонија за петтиот албум „… без име“

Панк рок триото Фонија најавува концертна промоцина на својот петти албум „…без име“ која ќе се одржи во петок (15 јануари) во Младинскиот културен центар.

Триото Фонија го сочинуваат Дени Крстев (вокал/гитара), Стефан Ристовски(бас/вокал) и Кристијан Лафазановски (тапани).

„Подрумите се здрава опција за бендовите, особено кога имаш 16 години и знаеш што да правиш со себе. Токму оттаму 2008 тргнаа Фонија со нивниот деби албум „Параноја“. Седум години подоцна тие се со новиот, петти по ред албум „…без име“ на истата приземна позиција, со нови песни и приказни за безнадежноста на современиот нихилизам. Парадоксално, молската епика на музиката и дурската на вокалите го прави овој албум мелодиски најангажиран досега. Во ерата на бунтовничкото помодарство Фонија доаѓаат како афродизијак за свесноста – своја, како и на луѓето, кои се сепак создадени да живеат заедно. Музика за „нема генерација,“ стои во поканата за промоцијата.