Дејвид Боуви почина на 69 години по 18 месечна борба со ракот. Влијателниот музичар имаше кариера која се протегаше низ шест декади. Хитовите на Боуви ги вклучуваат Let’s Dance, Space Oddity, Heroes, Under Pressure, Rebel, Rebel и Life on Mars.
Роден како Дејвид Роберт Џоунс во Лондон, првиот сингл на Боуви се вика Liza Jane, издаден под името Дејвид Џоунс.
Боуви имаше многу улоги низ својата кариера, најмногу познат по своето глем рок алтер его креирано за албумот The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders From Mars, во 1972 година.
Но Боуви ја започна својата музичка кариера во поспокоен бенд – the Konrads, како што се гледа овде во 1963 година.
Четвртиот албум на Боуви во 1971 година – Hunky Dory ги вклучуваше Life on Mars? и Oh, You Pretty Things со што ја редефинираше рок музиката за генерацијата од седумдесетите.
Последниот перформанс како Зиги Стардаст во 1973 година беше познат како неговата „тезга за пензионирање“, по што многумина мислеа дека тој ја завршува својата музичка кариера, но всушност само ја напушташе улогата на Зиги.
Боуви стапи во брак со Angie Barnett во 1970 година со која има син – Zowie (сега филмски режисер Duncan Jones).
Изгледот на Боуви се менуваше значајно низ годините, вклучувајќи го и оној за неговиот албум Diamond Dogs во 1974.
Многу музичари работеа со Боуви за време на неговата кариера, вклучувајќи го и Иги Поп во 1977 година.
Поп ѕвездата исто така имаше неколку актерски улоги, играјќи на Бродвеј во The Elephant Man во 1980 година.
Боуви исто така играше во филмот „Merry Christmas, Mr Lawrence“, кој беше добро примен и од критичарите.
Легендарниот музичар продаде преку 140 милиони албуми во својата кариера и имаше концерти низ целиот свет, вклучувајќи го и овој концерт во Париз во 1991 година.
Toj го предводеше Glastonbury фестивалот во 2000-та година.
Во 2001 година Боуви се појави во филмот Зоолендер со Бен Стилер и Овен Вилсон.
Дејвид Боуви, 1947-2016.
Извор: BBC