Радио Слободно Скопје денеска најавува програма од Мобилната галерија

Програмата на „Радио Слободно Скопје“ денеска ќе може да се следи на Радио МОФ, од Мобилната галерија во Паркот на франкофонијата која e трансформирана во објект – радиоприемник, со студио во внатрешноста. Преносот почнува во 12 часот, а автор на проектот е уметникот Ѓорѓе Јовановиќ. „Радио Слободно Скопје“ претставува отворен медиум за визуелните уметници, музичарите, теоретичарите, социолозите, студентите, работниците, активистите и граѓаните што ќе ги претстават своите идеи и предизвици што произлегуваат од тековните политички и економски потреси, нивните ставови и размислувања за иднината.

„Радио Слободно Скопје се разви како природен бунт поради сеопштата репресија на слободата на изразување и на мислата. Наша цел е да укажеме не само за тој сегмент на медиумските слободи во Македонија, туку и за с потесниот простор што културните содржини го имаат во електронските и пишаните медиуми кај нас. Она што е исто така важно во овој турбулентен период на политички и економски промени е повторно да се постават прашањата во врска со нашата заедничка иднина, солидарност и одговорност на секој поединец. Се покажа дека, со цел да се движиме напред или направиме пресврт, од време на време нашиот поглед мора да биде усмерен во ретровизорот“, вели уметникот.

Програмата почнува денеска напладне, а што ќе се емитува може да погледнете во продолжение: