[Видео] Ricky Gervais го „уништува“ Холивуд на доделувањето на „Златните глобуси“

„Shut up! You disgusting, pill-popping, sexual deviant scum“, им порача водителот на „Златните глобуси“, комичарот Ricky Gervais на членовите на холивудската елита на вчерашното доделување на угледните награди. Контроверзниот водител годинава се врати во улогата на церемонијал-мајстор по тригодишна пауза, а во минатото беше критикуван за остриот јазик кој го користи. Се чини дека овој пат Gervais се надмина себеси, а неговите критики ги почувствуваа сите – од Caitlyn Jenner иJennifer Lawrence, до Roman Polanski и Matt Damon.

„Велат дека некои филмски ѕвезди ќе ги избегнуваат „Златните глобуси“ од страв дека јас ќе ги исмевам. Како да постојат филмски ѕвезди што би се откажале од освојувањето на „Златен глобус“!? Посебно ако нивната филмска компанија веќе им ја платила наградата“, вели во почетниот говор Gervais, кој на сцената се појави со чаша пиво.