Велика Британија на своите поштенски марки ја постави Лара Крофт

Иако традиционалното допишување одамна се замени со електронското, изработката на поштенски марки и понатаму останува начин за промоција на некоја земја. Кралската пошта на Велика Британија од 21 јануари ќе пушти во промет сет од 12 марки кој ќе потсети на тамошната гејмерска индустрија.

Како што би можеле да претпоставите, во центарот на вниманието се четирите марки кои ќе се посветени на „Tomb raider“. Преостанатите поштенски марки се посветени на „Worms“, „Lemmings“, „Wipeout“, „Sensible Soccer“ и слично. Заинтересираните филателисти ќе можат да ја збогатат својата колекција за околу 15 фунти.

Погледнете ги сите дизајни на „гејмерските“ марки: