Веле Смилевски се иззема од наградата „Книжевно жезло“, остава простор на други автори

Македонскиот писател и поранешен претседател на Друштвото на писателите на Македонија побара од писателската асоцијација неговото име да биде изземено од списокот на кандидати за престижната наградата „Книжевно жезло”. Тој во своето отворено писмо вели:

„Факт е дека до пред извесно време јас бев еден од претседателите на ДПМ, така што мојата сегашна кандидатура се коси со одредени мои длабоко лични етички принципи. Покрај тоа, како добитник на Државната награда „11 Октомври“ за животно дело, сметам дека треба да се остави простор книжевните награди да се доделуваат и на други автори чии дела го заслужуваат тоа.

Во спротивно, се потхранува една дегутантна ситуација на, во преносна смисла употребениот оригинален наслов на познатиот филм „Скупљачи перја“. Искрено, не би сакал да бидам во редот на таквите среќници”, вели во реакцијата Смилевски, заблагодарувајќи се за предлогот.