Утре почнува летното сметање на времето

Владата донесе Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година.

Летното сметање на времето годинава ќе започне утре, на 26 март, односно ноќеска, во 2 часот по полноќ, со поместување за еден час нанапред.

Ноќва по полноќ, времето во 2 часот, ќе се смета како 3 часот.

„Според одлуката на 138-та владина седница, летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 3 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 3 часот се смета како 2 часот“, се вели во соопштението.