Утре нова акција за привремени засолништа за бездомни животни: Наместо лајк, подари живот

Во Јавна соба утре од 17 часот ќе се одржи хуманитарна акција за обезбедување/правење привремени засолништа за бездомни животни.

„Екстремно ниските температури негативно влијаат на луѓето, но се фатални кај уличните животинки. Ние не зависиме од нив, но тие целосно зависат од нас. Секојдневно гледаме слики и објави за кучиња и мачиња кои се надвор и се борат за живот, но за жал ретко кој реагира повеќе од лајк, коментар или share. Ако чекаше знак, ова е тоа. Вистинска промена е иницијативата, не пасивното набљудување“, стои во најавата за настанот.

Според планот, од 17 до 18 часот во Јавна соба ќе се изработуваат куќарки од стиропор и слама (само за ограничен број на луѓе поради капацитетот на канцеларијата, останатите можат да ги остават донациите на истото место). Потоа, од 18 часот куќарките ќе се поставуваат на различни локации низ градот.

Активистите предложуваат начини како може да се помогне:

• Со донирање на Анима Мунди:
Денарска сметка: 240090002006130 Депонент: Уни Банка АД – Скопје со назнака „ЗА ТОПОЛ ДОМ“
Или онлајн на следниов линк: https://goo.gl/XGiJNa
• Кутија со донации во Public Room од 17-18:00 (Средствата ќе се користат за подметачи, храна и основни намирници за оние кои веќе згрижиле или ќе згрижат животинче, макар и привремено од студов)
• Превоз од Јавна соба на одредена локација (по договор)
• Со храна за кучиња, слама, ќебенце/материјали.